Како што пишува Тутоспорт, Јувентус за наредната сезона сакаат да ангажираат напаѓач со слични карактеристики како оние на Карим Бензема. И тоа само поради Кристијано Роналдо. Па изборот паднал на Хари Кејн, еден од најдобрите шпицови во светот, член на Тотенхем и репрезентацијата на Англија, кој моментално е повреден.
Се шпекулира дека Андреа Ањели е подготвен да издвои дури 150 -170 милиони евра за комплетирање на овој мега трансфер. Со оваа сума Кејн секако дека ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Јуве.