x

Јуве со Мората и Дибала патува во Рим

dibala

Алваро Мората и Пауло Дибала се најдоа во составот на Јувентус за утрешното големо дерби со екипата на Рома на „Олимпико“. На „бјанконерите“ сè уште им недостасуваат Федерико Бернардески, Матијас де Лигт и Алекс Сандро, додека Сами Кедира не е вклучен во составот за патувањето во Рим.

Новото засилување Мората би можел да дебитира само неколку дена откако пристигна од Атлетико Мадрид на позајмица, додека Дибала се опорави од мускулната повреда заработена во ЛШ минатиот месец.

Ниту едниот, ниту другиот не се очекува да бидат стартери, па најверотајно  Кристијано Роналдо повторно во нападот ќе соработува со Дејан Кулушевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата