x

Јуве, ПСЖ, Сити и Јунајтед чекаат Рамос да каже си одам од Реал

ramos

Серхио Рамос по се изгледа со една нога е надвор од „бернабеу“ и следната сезона ќе облече друг дрес. Шпанските медиуми тврдат дека како слободен агент на крајот на сезоната Рамос е опција за Јувентус, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кои наводно направија прв контакт со неговиот агент.

Шпанскиот дефанзивец го завршува договорот со Реал на крајот на сезоната и според „Ел Чирингито“ е подготвен за разговори со Флорентино Перез во наредните денови. Тој не е задоволен од третманот во клубот, затоа што Реал Мадрид му понуди само нов двегодишен договор со намалување на платата од 20%, додека Рамос не сака да добие помала плата од 12 милиони евра годишно, а исто така побара и тригодишен договор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата