x

Јуве потврди, Роналдо се повреди денеска против Лацио

ronald

Тимот на Јувентус денеска не успеа да освои полн плен против Лацио, играјќи само 1:1 во денешното коло во Серија А, но во Торино можеби имаат уште поголем проблем од овој.

Кристијано Роналдо денеска беше стрелец на ецинствениот гол за својот тим, но подоцна во мечот се повреди и излезе во 76. минута.

Потоа беше објавено дека има повреда на скочниот згоб и дека ќе мора да оди на дополнителни прегледи.

Кристијано Роналдо треба веќе од утре да се појави во репрезентативната база на Португалија, за претстојните мечеви против Андора, Франција и Хрватска.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата