x

Јуве покажа зошто е шампион, Роналдо урна нов рекорд во Серија А (ВИДЕО)

juventus-goal

Јувентус конечно потсети на најдобрите денови од минатата сезона и без мака и убедливо ги освои бодовите на гостувањето кај Парма со висока победа од 4:0.

Во меч во кој „Старата Дама“ доминираше од почетокот до крајот на средбата, „млекарите“ едноставно беа без вистински шанси за поголем успех. Неверојатните Кулушевски и Роналдо ги постигнаа првите три голае за шампионот, кој денеска ја обезбеди седмата сезонска победа и го продолжува непобеливиот ритам со Милан на двете челни места на табелата. Четвртиот гол беше дело на Мората.

Роналдо со двата гола вечерва стигна до бројката од 33 гола во дресот на Јувентус во една календарска година (2020) што е резултат кој досега го направиле само уште двајца играчи во Серија А, Феличе Борел (41 гол, Јувентус 1933 г.) и Гунар Нордал (36, Милан 1950 г.).

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата