Менаџерот на фудбалерот на Јувентус Златан Ибрахимовиќ изјави дека торинскиот клуб ја одбил понудата на мадридски Реал од 70 милиони евра за шведскиот репрезентативец, пренесуваат италијанските медиуми. “Златан е моментно најдобар на светот, затоа и го сака Реал. Меѓутоа, токму затоа Јувентус не сака да го продаде”, изјави менаџерот Мина Раиоле. Ибрахимовиќ минататото лето дојде во Јувентус од холандски Ајакс и во првата сезона за торинскиот клуб постигна 16 гола, што многу му помогна на клубот во освојувањето на 28. титула првак на Италија.