Првиот неделен дерби натпревар од 30. коло во италијанската Серија А, градската пресметка промеѓу екипите на Торино и Јувентус, сосема заслужено заврши со убедлив триумф на “старата дама” од 4:1.

Најзаслужен за убедливата победа беше шпанскиот интернационалец Алваро Мората кој постигна два погодока, а во листата на стрелци се запишаа и Пол Погба и Сами Кедира.

Само еден бод на гостувањето во Фросиноне освоија фудбалерите на Фиорентина, а без победник заврши и дуелот помеѓу екипите на Сасуоло и Удинезе.

Резултати: Аталанта – Болоња 2:0, Фросиноне – Фиорентина 0:0, Верона – Карпи 1:2, Сампдорија – Киево 0:1, Торино – Јувентус 1:4, Сасуоло – Удинезе 1:1.

ТАБЕЛА: Јувентус 70 бода, Наполи(-1) 64, Рома 60, Фиорентина 55, Интер 55, Милан(-1) 48, Сасуоло 45, Лацио(-1) 41,…