x

Јувентус тргнува по Лаказет

Со оглед на тоа дека Гонзало Игуаин е пред заминување од Јувентус, тимот од Торино не сака да остане без класичен напаѓач за идната сезона.

Така челници на Јуве ќе ипспратат преговарачи во Лондон за да се обидат да дојдат до услугите на Александре Лаказет.

Јувентус планира „ремонт“ во екипата, па досега се доведени Артур Мело и Дејан Кулушевски.

Сепак, Арсенал тешко дека ќе се откаже од Лаказет. Се шпекулира со сума од 50 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата