x

Јувентус не сака да им ги врати парите за билети на навивачите, иако со Интер ќе играат на празен стадион!?

Раководството на италијанскиот шампион Јувентус нема намера да им ги врати парите на тифозите за купените билети за мечот од викенд колото со Интер во Серија А.

Големата пресметка и уште пет натпревари ќе се одиграат без навивачи заради коронавирусот кој беснее во северните делови на Италија.  Според „Газета дело Спорт“, „бјанконерите“ заработиле 3 милиони евра од продажба на билети, а мечот сепак ќе го играат без гледачи. Клупските газди сметаат дека не е соодветно да се изгубат финансиските приходи поради одлуката на италијанската фудбалска федерација.

Ова е во согласност со сегашните правила на клубот, но антимонополските власти имаат намера да ја разгледаат ситуацијата. Интер, од своја страна, веќе започна да ги враќа парите кои нивните навивачи ги дале за билети.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата