x

Јувентус на мака – Роналдо е повреден, најверојатно ќе паузира

ronaldo2

Италијанскиот шампион Јувентус не успеа да го победи Лацио попладнето иако водеше со 1:0. Римскиот тим успеа да изедначи во 95 минута, а она што најмногу ги загрижи Пирло и неговите соработници е повредата на Кристијано Роналдо.

Португалецот побара замена во 76 минута откако се пожали на болки во скочниот зглоб. Во Јувентус се загрижени затоа што првите прогнози не ветуваат. Роналдо утре ќе ги изврши лекарските прегледи по што ќе биде познато точно за каква повреда се работи.

А дел од медиумите веќе трасираа вест дека Роналдо сигурно ќе ги пропушти претстојните натпревари за Португалија и ќе паузира една до две недели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата