x

Јувентус на Игуаин му платил 2,5 милиони евра само за да си оди

higuain-sad

Гонзало Игуаин потпиша договор со Интер Мајами и ќе биде следното големо засилување за МЛС лигата. 32-годишниот Аргентинец потпиша договор со клубот до декември 2022 година со плата од 7,5 милиони евра по сезона, објави новинарот Николо Шира.

Интересно е што Аргентинецот не по своја волја замина од Торино, откако Јувентус инсистираше на прекин на нивната соработка. Според италијански извори, Јуве само за да се ослободи од него и да го прекине договорот се согласил да му исплати компензација во висина од 2,5 милиони евра.

Ова е сумата која Игуаин ја добил пред да прифати заминување во САД и потпис со тимот на Дејвид Бекам.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата