x

Јувентус во нови проблеми, повторно ќе плаќа двајца тренери

sari-juventus1

Јувентус минатата година одлучи да се раздели со еден тренер и да донесе нов, не мина долго време, ова лето донесе иста одлука.

Челниците на италијанскиот тим му се заблагодарија на Масимилијано Алгери и шанса му дадоа на Маурицио Сари. Додека Алегри одмараше од фудбалот на неговата сметка секој месец пристигнуваа пари од „Старата дама“ која плаќаше пенали за прекинатата соработка.

Торинскиот тим сега се соочува со истиот проблем. По елиминацијата на Лигата на шампионите Сари стана минато на негово место дојде Пирло, но Јувентус одново ќе треба да плаќа двајца тренери. Сари има уште две години од договорот, а неговата годишна заработувачка изнесува 5.500.000 евра. Тој ќе има право да зема пари се додека не најде нов клуб, а максималната сума која може да ја заработи од Јувентус е 11.000.000 евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека првите луѓе на клубот му понудиле спогодбен раскин на договорот, но Сари не бил задоволен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата