Македонскиот бранител, кој беше осуден на 12 години затвор за наводни убиства во Љуботен во 2001 година, се враќа во Македонија на средината март, кога се навршуваат 8 години од неговото апсење во 2005 година.

Судот за воени злосторства во поранешна Југославија ги завршил сите технички процедури и анализа на поведението на Тарчуловски во затворот во Германија и во Шевенинген.
Во досегашната процедура не се пронајдени никакви отежнувачки аргументи Јохан да не биде пуштен. Според најавите сега останува само формалната одлука којашто треба да ја донесе и да ја потпише претседателот на хашкиот трибунал, Американецот Теодор Мерон.

Досегашните искуства велат дека сите хашки осуденици кои одлежале две третини од казната добиле можност да се вратат во своите земји и таму да го поминат третиот дел од казната. Затоа, сосема е реално да се очекува Јохан Тарчуловски да се врати во Македонија за 23 дена.