Македонскиот бранител кој беше осуден на 12 годин затвор за наводни убиства во Љуботен во 2001 година се враќа во земјава на средината на идниот месец кога навршуваат точно 8 години од неговото апсење во Скопје во 2005.

“Република” дознава дека Судот за воени злосторства во поранешна Југославија веќе ги завршил сите технички процедури околу утврдување на роковите на апсење како и анализата на поведението на Тарчуловски во затворот во Германија и во Шевенинген.

Според изворите на “Република” во досегашната процедура не се пронајдени никакви отежнувачки аргументи зошто Јохан да не биде пуштен. Според најавите сега останува само формалната одлука која што треба да ја донесе и да ја потпише претседателот на хашкиот трибунал, Американецот Теодор Мерон.

Според предходните искуства кои велат дека сите хашки осуденици што одлежале две третини од казната добиле можност третиот дел да го поминат во своите земји сосема реално е да се очекува Тарчуловски за 23 дена да пристигне во Македонија.