Покрај Јотовски на главниот турнир играат уште четири македонски тенисери. Стефан Мицов ќе игра против Французинот Александар Милер (носител број 6), додека Шендрит Деари ќе игра против Лени Хампел од Австрија (носител број 8). Горазд Србљак за противник го има Саси Кумар Мукунд од Индија, а Бесир Дургути ќе игра против Кристијан Месарош од Хрватска.

Во конкуренција на двојки ќе настапат три македонски двојки (сите со вајлд карти): Шендрит Дераи – Горазд Србљак, Бесир Дургути – Данил Зеленков и Предраг Русевски – Лазар Магдинчев, додека Јотовски со Александар Лазов од Бугарија се рангирани како четврти носители. Мечевите се играат на терените на „Тенис парк” во склоп на СЦ „Јане Сандански”, а почнуваат утре од 10 часот. Од македонските тенисери денеска во сингл ќе настапат Мицов и Деари.