x

Јотиќ: За Лазаров велат дека е поголем и од претседателот, исто како Модриќ во Хрватска

Ловро Јотиќ мина една сезона во дресот на Еурофарм Пелистер. Токму овие денови во битолскиот тим беа доволно да ја почувствува еуфоријата во Македонија за ракометот.

„Македонците се фанатици за ракомет, тоа не го знаев додека не дојдов тука. Дефинитинвно ракометот е повеќе популарен од фудбалот. Битола живее за овој спорт, до сега немам играно пред толку добро организирана навивачка група како што се „Чкембари“. Во Еурофарм Пелистер докажав дека можам и дека знам да играм ракомет“, вели Јотиќ за „Балкан-хендбол“.

Тој жали што еден тим како Вардар минува низ тешки денови…

„Металург е во константен пад, не е како што беше пред пет години, но за оваа лига во Македонија се квалитетни, завршија на првото место. Што се однесува до Вардар, навистина ми е жал. Еден ваков клуб, кој во најтешките моменти покажа одлични резултати, сега е оставен на неизвесност, навистина е жално“.

Секако кога станува збор за Македонија, синоним за овој спорт е капитенот Кирил Лазаров.

„Македонците го имаат Кире Лазаров, кој е легенда на ракометот во оваа земја, некои велат дека е поголем од претседателот, секако на шега. Сите мора да го слушаат, тешко е да го споредам со некого, еве со Лука Модриќ, тој има таков статус во Хрватска“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата