Откако бугарската министерка за надворешни работи, Захариева рече дека не може со Тито да одиме во ЕУ, нејзината изјава рпедизвика дополнителни реакции во јавноста.

Поради тоа на социјалните мрежи се појави видео од југословенскиот доживотен претседател, Јосип Броз Тито во кое тој говори за тесните врски помеѓу некогашниот советски лидер Јосип Сталин и тогашната бугарска политика.

Тито вели дека знаел за контактите помеѓу Сталин и Бугарите и затоа морал да биде многу внимателен да не потпадне во некоја провокација.

Ме наговараа да му напишам писмо на Сталина за сето она што ми го правеа против мене. Бугарите најмногу работеа против мене-вели Тито.