Генералштабот на јорданската војска објави дека северна и северноисточна граница на Јордан кон Сирија се прогласени за „затворени воени зони”.

Наредбата е издадена синоќа неколку часа откако шестмина јордански војници беа убиени во самоубиствен напад врз воен пункт во пустината во крајниот источен пограничен дел со Сирија, во близина на ирачката граница.

Генералштабот на јорданската војска посочува дека без исклучок секое движење на возило или поединец во таа зона без претходна најава, ќе се смета за непријателска цел.