ГОНЦЕ ПРИЗНА:

Со човекот, мојата љубов, кој ми ги покажа убавините на животот, секој час среќа, секој момент вечност и како жена треба да се сака и почитува, од дното на мојата душа, те сакам премногуу, напишала Гонце Гоцова на Фејсбук и поставила слика од неа и нејзиниот колега и емотивен партнер Јордан Митев, а пријателите и фановите распалиле со лајкови и коментари дека се супер двојка.

Фолкерката уште појаснила дека довербата и почитта секогаш се потребни за нешто да опстане повеќе време и љубовта да биде непобедлива и така цветна. Што се однесува до големиот ден, односно свадбата, Гонце им појаснила на фановите дека кога ќе дојде денот сите ќе дознаат, само здравје.

Гонце откако е со Јордан, односно веќе две години, не крие колку е среќна. Таа за разлика од колегите кои не сакаат да зборуваат за приватноста, отворено кажува колку е вљубена и во секоја прилика потенцира дека помеѓу нив има многу разбирање, љубов и хармонија.

(А. Ѓ.)