x

Јорданчо Наумоски уште една година во Тиквеш!

Јорданчо Наумоски, еден од клучните играчи на Тиквеш во средиот ред, денеска и официјално се договори со кавадарчани за продолжување на договорот. Наумоски најмалку уште една година ќе го носи дресот на Тиквеш, клуб кој има амбиција во следната сезона во Втората лига -исток, да се бори за првото место и влезот во Првата лига. Значи со неговото останување еден проблем помалку за стратегот Раде Цицмиловиќ.

Инаку Јорданчо Наумоски досега во својата кариера има играно и за екипите на 11 Октомври, Брондби, Металург, Победа, Тиквеш.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата