x

Јорданов дебитираше за Напредак, но не и за Македонија

jordanov

Алекса Јорданов е младиот голман на Напредак од Крушевац, кој минатото коло одиграно против Партизан забрани во првата Српска супер лига на 18. години. Секако голем успех за така млад и перспективен чувар на мрежата.

Тоа е момче кое има Македонскот потекло и кое има настапи и за Македонските младински селекции во минатото. Под водство на селекторот Марио Вујовиќ тој редовно беше повикуван за настап на пријателски средби, но кога дојде време да заигра за нашата репрезентација на квалификациите до 17. години, тој не го доби на време Македонскиот пасош и не настапи за нас.

Од тогаш мина време, сега Јорданов е веќе сениорски голман и тоа со голема перспектива. Неговиот квалитет е препознаен и несомнен и мора да се реагира за да тој евентуално со добрите настапи за Напредак не добие повик и за младинските селекции на Србија. А потоа се знае што следи нели….

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата