Состојбата на јужната граница е стабилна. Една година по затварањето на балканската бегалска рута бројот на обидите за нелегален премин од грчка на македонска територија е значително намален.

-Армијата на Република Македонија и институциите на Република Македонија внимателно ја следат состојбата со развојот на мигрантската криза. Имаме ние соодветни сценарија и планови развиени ако се зголеми приливот на мигранти во Република Македонија од нашата јужна страна, вели Зоран Јолевски – министер за одбрана

Министерот Зоран Јолевски кој беше во посета на јужната граница и сместувачките капацитети на армијата во Богданци информираше дека припадниците на арамијата таму остануваат се додека трае одлуката за кризна состојба на овој дел од државата. Во моментов на јужната граница има 100 војници и офицери, бројка која е најмала во последните 18 месеци, но таа не е постојана и се менува во зависност од ангажираноста на припадниците на армијата и потребите на теренот.