x

Јокиќ со лудило асистенција, Кари се врати на теренот, Дончиќ ја доби пресметката со Адетокумбо (ВИДЕО)

jokic-1-1

По долгата пауза од девет месеци поради повреда, Стеф Кари се врати на терените. На првиот подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона во НБА-лигата, Голден Стејт славеше против Денвер со 10-7-105, а Кари постигна десет поени, две асистенции и две украдени топки.

На другата страна Никола Јокиќ беше одличен, запиша дабл-дабл од 26 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за триумф над Вориорс.

Во центарот на вниманието беше пресметката меѓу, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо. Победник на оваа средба беше Словенецот, неговиот Далас славеше со 112-102 против Мемфис.

Дончиќ одигра 16 минути во кои запиша 13 поени и 4 асистенции, додека грчскиот кошаркар имаше дабл-дабл учинок од 25 поени и 10 скока.


Резултати: Шарлот – Торонто 100-111, Кливленд – Индијана 107-14, Сан Антонио – Оклахома 108-121, Милвоки – Далас 102-112, Минесота – Мемфис 105-107, Голден Стејт – Денвер 107-105, Јута – Феникс 119-105.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата