x

Јокиќ и Мареј ги фрлија во сенка 57. поени на Мичел (ВИДЕО)

denver

Денвер поведе со 1-0 во плеј-офот, ја совлада Јута со 135-125 по продолжение, во регуларниот дел дуелот заврш 115-115.

Во центарот на вниманието се најдоа Никола Јокиќ и Џамал Мареј, двајцата беа лидери кон триумфот и во сенка го ставија Донован Мичел и неговите 57 поени. Српскиот репрезентативец мечот го заврши со 29 поени, додека Мареј имаше 36 поени.

Денвер одлично влезе во мечот, успеа да поведе со плус девет, по првата четвртина беше 31-25. Нагетси отидоа и на позитива од 12 поени во текот на втората четвртина, но Јута се враќаше.

„Џезерите“ целосен пресврт направија по одморот, го превземаа водството, беше неизвесно до самиот крај. На 26 секунди до крајот Јокиќ со две слободни фрлања го сврте натпреварот, но противникот имаше доволно време да го врати ударот. Мичел избори „два пенала“ за ново изедначување. Јокиќ имаше шанса да го реши името на победникот во регуларниот дел, но Гоберт ја спаси Јута. Сепак во дополнителните пет минути Денвер беше поефикасен.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата