x

Јокиќ ги уништи Клиперси и се избори за мајсторка

jokic-1

Патникот во финалето на Западната конференција ќе биде решен по мајсторка, откако Денвер одново го совлада ЛА Клиперс и изедначи на 3-3 во полуфиналето. Нагетси до средината на третата четвртина беа работ на пропаст, имаа негатива од 19 поени, но благодарение на неверојатниот Никола Јокиќ се вратија во игра и на крајот славеа со 111-98.

Српскиот репрезентативец зад своето име запиша дабл-дабл од 34 поени и 14 скока, како и 7 асистенции. Второ име во редовите на Денвер беше Мареј со 21 поен, пет скока и исто толку асистенции. На другата страна Пол Џорџ имаше 33 поени, додека Кавај Ленард 25 поени, кои не беа доволни за победа и место во финалето.

Во третиот период, Денвер беше на минус 19, Мареј го најави кам-бекот на својот тим, на него се надоврза Јокиќ. Нагетси намалија на 79-77, на стартот на последниот период Србинот со две тројки донесе водство на својот тим и да го отвори патот кон седмиот меч.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата