Јогурт со боровинки
Ладно освежување, особено за жешките денови, наместо сладолед, само многу подобро.
Потребно за четири лица:
800 мл течен јогурт
4 лажици џем од боровинка
50 мл вода
2 лажици рум
За украсување:
ливчиња нане
Време за подготовка: 10 мин
Подготовка
1. Џемот помешајте го со водата и ставе го за кратко да се вари на тивок оган.
2. Тргнете го садот од оган, додадете рум и повремено мешајте додека се олади.
3. Јогуртот распоредете го во 4 високи стаклени чаши. Во секоја чаша ставете од изладениот и растопен џем.
Јогуртот со џем украсете го со гранчиња нане. Послужувајте го изладен.
Совет
Подготовката на овој десерт ќе ја забрзате ако претходно јогуртот и чашите ги изладите.