x

Јовиќ: Ќе донирам и јас но нема да се пофалам

Лука Јовиќ, српскиот интернационалец во дресот на Реал Мадрид деновиве се наоѓа константно во центарот на вниманието меѓутоа се во негативна конотација. Првично поради прекршување на карантинот, од Шпанија слета во Србија, а потоа и што беше недостапен за властите.

Сега Србија како држава најави дека ќе има законски консеквенци по фудбалерот. Од друга страна топ тема исто така е и Дејан Станковиќ, актуелниот тренер на Црвена Звезда кој донираше респираторни системи за болниците во Србија.

На ова Лука Јовиќ во интервјуто кое го даде по повод последните настани изјави…

„Секако дека и ја ќе донирам. Сум донирал и порано но за тоа никому не сум му се пофалил.

Тоа што не се кажувам кога и кому му помагам не значи дека не сум го направил тоа. Мислам дека хуманите луѓе не помагаам само „под рефлектори“  и поради јавност, туку затоа што сакаат да помогнат„ – вели Јовиќ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата