x

Јовиќ може да се пресели во Италија

Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан за да му помогне во битката за место во Лигата на шампионите. Но, „росонерите“ и инатаму имаат големи проблеми до пандемијата коронавирус, не даваа надеж дека ќе бидат дел од најелитното европско клупско натпреварување.

Оваа сезона најверојатно ќе биде последна на Ибра во Милан, па челниците на клубот мораат да размислуваат за решение во нападот. Во моментов неколку играчи се на мета на италијанскиот тим, еден од нив е Лука Јовиќ.

Милан е подготвен да го земе на позајмица, а потоа да го откупи неговиот договор, но останува Јовиќ да одлучи дали е подготвен да се пресели во Италија. Челниците на клубот ќе мораат да ја превземат неговата плата, која на годишно ниво изнесува пет милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата