x

Јован Костовски во 93. минута донесе бод за Етникос

Неа Саламис имаше водство во дуелот со Етникос од 2:1. И кога се чинеше дека ќе дојде до триумф, се појави Јован Костовски кој во третата минута од судиското надополнување донесе 2:2 и еден бод.

Костовски мечот го почна од клупата, а влезе во игра во 66. минута. Цел меч на голот беше Мартин Богатинов, додека Бојан Мароски го преседе мечот на клупата.

Ова беше важен бод за тимот на Етникос кој грчевито се бори за својот опстанок.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата