По налог на Обвинителството во Белград полицијата го проверува случајот во кој вчера лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ наводно со тениски рекет го нападнал сопственикот на центарот за физикална терапија “Физио центар“ на Нов Белград.

– Се врши проверка на случувањата и во тек е собирање на изјави од сите присутни лица, се прибавува медицинска документација за лицето на кое му се нанесени телесни повреди, земаат видео снимки – рекла потпаролката на Обвинителството.

Кривична постапка сеуште не е започната, а за понатамошната постапка ќе се одлучи кога полицијата ќе ја заврши истрагата.

Јовановиќ после инцидентот објавил фотографија на Инстаграм, не коментирајќи го вчерашниот инцидент, кој полицијата го истражува, туку испратил порака дека “не е сигурен што може да очекува во иднина“.

– Фокусиран сум на суштина, исклучувам се останато. Не сум сигурен што можам да очекувам во иднина, но јас не се плашам бидејќи знам за кого живеам. За оние кои се “јас“… Анѓелина, Зора, Михајло, Харис, Јела… и вие ретките кои и покрај се останавте мои.. и го делам вашето бреме како што и вие моето. Живеам за тоа, сакам поради тоа – напишал Јовановиќ.