x

Јоаким Лев: Не ми се потребни ни Боатенг, ни Хумелс, ни Милер

lev2

Германскиот селектор Јоаким Лев не размислува да ја промени одлуката и останува на ставот дека националниот тим може без триото Џером Боатенг, Матс Хумелс и Томас Милер. И покрај тоа што тројцата се во одлична форма, Лев не планира да ги вика за претстојните натпревари на репрезентацијата. Утре Германија ќе игра со Чешка во пријателски меч, а на 14. односно 17. ноември ќе се соочи со Украина и Шпанија во Лигата на нациите. По четири кола Германија е втора на табела со шест бода (1 победа и 3 ремија) или бод помалку од лидерот Шпанија.

Во овој момент немам потреба од Хумелс, Милер и Боатенг. Ако ситуацијата се смени пред Европскиот шампионат, можеби ќе ја сменам одлуката, но засега не ми се потребни. Сакам да работам со млади фудбалери, тие се посветени на својата работа и ја даваат потребната енергија на тимот. Точно е дека дел имаат проблеми со адаптацијата, но тие брзо учат и сигурен сум дека за брзо време ќе се вклопат“, изјави Лев.

Лев ја затвори вратата за Милер, Боатенг и Хумелс пред две години. Тогаш рече дека идниот германски тим ќе се потпира на млади фудбалери и тоа го спроведува без разлика што резултатите го покажуваат спротивното.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата