x

Јенс Леман на местото на Клинсман во Херта!?

Некогашниот голман на Борусија Дортмунд, Арсенал и Шалке, и германски репрезентативец Јенс Леман, е првиот фаворит да го смени Јирген Клинсман во надзорниот одбор на Херта, објавува „Билд“.

Леман би можел да го земе местото на легендарниот голгетер кој од управата се пресели на клупата, а потоа самиот се повлече. После низата на критики кон раководството, особено кон спортскиот директор Михаел Прец, јасно беше дека за Клинси нема место во Херта.

Леман во моментов работи како асистент во Аугзбург.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата