Јеменските власти соопштија дека најмалку 52 лица биле убиени денеска во воздушни удари на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во притворен центар во Јемен.

Властите наведуваат дека мета била зградата на универзитетот во Дамар, којашто бунтовничките Хути ја користат како притворен центар, пренесе „АП“.

Бунтовниците соопштија дека има над 50 повредени, а загинале провладини борци.

Од коалицијата наведуваат дека нивна мета било складиште за дронови и ракети.

Граѓанската војна во Јемен трае од 2015 година.

извор: Makfax