Најмалку 100 лица загинаа во воздушни удари на Kоалицијата предводена од Саудиска Арабија врз затворот во Јемен, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст информирајќи за новиот биланс од нападот.

Шефот на делегацијата на Црвениот крст во Јемен, Франц Роченштајн изјави за „Ројтерс“ дека спасувачите и понатаму извлекуваат тела на загинати од под рушевините на објектот.

Бунтовниците соопштија дека над 50 лица се повредени.

Од Коалицијата наведоа дека нивна мета биле скадиштата со дронови и ракети.

Граѓанската војна во Јемен трае од 2015 година.

извор: Makfax