Јеменската армија соопшти дека истрелала ракета „скад” врз воена база во Саудиска Арабија.

– Ракетата е истрелана врз базата „Ал Сулаил” во провинцијата Ријад, изјави воениот портпарол Шараф Лукман.

Според него, нападот во кој била погодена базата е извршен како одговор на „злосторствата од бруталната саудиска агресија”.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија врши воздушни напади во Јемен против шиитската група Хуси и нејзините сојузници во армијата, кои водат борби во јужниот и централниот дел на земјата против сунитски локални групи.