Министерот за заедници и враќање во косовската влада Далибор Јевтиќ изјави во понеделникот дека косовската полиција требало однапред да обезбеди подобар оперативен план и да го спречи протестот на Албанците во Мушутиште кај Сува Река, за раселените Срби од тоа село да можат да ја одбележат славата Голема Богородица.

Косовската полиција во неделата не можеше да гарантира безбедно влегување на раселените Срби во селото Мушутиште кај Сува Река поради протестот на Албанците и судирот со полицијата, поради што беше одлучено тие славата да ја одбележат во манастирот кај селото Зочиште, во општина Ораховац.

-Очигледно е дека полицијата во неделата стори се за да ги растера демонстрантите, но недостасуваше план. Полицијата не уверуваше дека нема да дозволи никаква блокада на патот. Мислам дека тука е грешката, дека требаше да има подобар оперативен план, рече Јевтиќ за РТС.

Тој рече дека со оглед на тоа што протестот на Албанците беше однапред најавен, косовската полиција претходниот ден требало да обезбеди да не се случи блокада на патот.

Јевтиќ наведе дека очекува институциите да обезбедат владеење на правото и законот, оти е недозволиво во 21 век некому да му се забранува слободно движење.

-Очекувам системот да обезбеди минимум човекови права, оти основното човеково право е правото на слобода и живот, овие луѓе за ништо ен се виновни, тоа беше жално да се гледа, рече Јевтиќ и додаде дека во текот на оваа недела ќе инсистира да започне процес за изградба на првите десетина куќи за десет семејства кои треба да се вратат, но не очекува тоа д апомине без проблеми.

Јевтиќ рече дека е важно политичките претставници на Србите да бидат на местата каде се одлучува, оти, како што оцени, тоа е начинот да се создадат подобри услови за живот за Србите во Косово.