Мислев дека сопругата ја заврши својата афера, откако ја добивме нашата ќерка. Сепак, таа ме изневерува и тоа во нашиот кревет со партнерот на нејзината пријателка. Ова не е дури и нејзина прва афера, се пожали сопруг на страница за брачни совети.

Тој вели дека со сопругата бил во врска осум години, а нивната ќерка се родила пред три години.

– Нашиот сексуален живот со години навистина не беше идеален, но сепак мислев дека тоа не влијае на нашата врска. Пред една година, сопругата стана многу мистериозна. Го крие својот телефон од мене, го носеше со себе во бањата кога се тушира – продолжи тој и додава дека  не можел да спие ноќе, затоа што го мачеле сомнежи.

– Сепак, искористив една шанса да го погледнам нејзиниот телефон додека нешшто работеше низ домот. Пристигна порака од партнерот на нејзината најдобра пријателка. Не можев да им верувам на моите очи кога ја прочитав содржината на пораката. Ми стана очигледно дека овој човек ја посетува жена ми додека сум на работа.

Тој вели дека дека е зачуден што кога ја прашал за аферата таа не негирала туку веднаш признала.

– Не знам што да правам сега, се плашам што ќе биде со нашата ќерка?

Советот кој го добил од експерт за врски е дека ништо не ја оправдува аферата, но дека доколку сака може да се обиде да разговарра со сопругата за да го спасат бракот, иако според неговата приказна не му се гледа светла иднина.

– Сега сте одговорни и за животот на вашата ќерка. Треба да му дадете уште една шанса на бракот, за да може вашата ќерка да порасне во семејство, но доколку тоа е невозможно тогаш најдобро е да се разделите, ама сепак треба да ги отворите картите, завршил експретот.