x

Ја симулираа ждрепката за квалификациите за СП 2022: Македонија во група за мерак! (ФОТО)

katar-zdrepka

Одамна е познато дека ждрепката за квалификациите за СП во Катар 2022 година ќе се одржи на 7 декември, значи за кусо време.

Македонија своите ривали ќе ги очекува од четвртиот шешир. Интересно е тоа што познатиот портал “We Global Football“ ја симулираше ждрепката, но за нас таа искочи како одлична или перфектна ждрепка.

Нашата најдобра фудбалска репрезентација се “падна“ во Групата Ј, а за ривали ги “доби“ Холандија, Велс, Унгарија, Казахстан и Гибралтар. Селекторот Ангеловски и сам да ги бираше противниците не можеше подобро да ги одбере.

Сепак ова е симулација, а ние се надеваме дека на 7 декември ќе добиеме слична ваква група.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата