Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека жител на неготинското село Пепелиште ја нападнал сопругата со остар предмет, при што бил лишен од слобода.

– Утрово околу 05:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот во село Пепелиште, Неготинско, Џ.А. (43) со остар предмет ја нападнал неговата сопруга Е.А. (35) и заминал од домот. На местото на настанот бил извршен увид, а по преземени мерки полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Џ.А, информира Додевски.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.