x

Ја понижи Барса, па доби „корпа“ од Меси

dejvis

Баерн Минхен со убедливи 2-8 ја елиминираше Барселона од Лигата на шампионите. По завршување на овој дуел на Каталонците им падна мрак, а за траорната атмосфера, говори и обидот на Алфонсо Дејвис да добие дрес од Лионел Меси, но оваа желба не му била исполнета.

„Го замолив Меси да ми го даде дресот, но тој одби, најверојатно беше потресен. Тоа е нормално, се надевам дека ќе има друга шанса“, откри денеска Дејвис.

УЕФА поради пандемијата коронавирус забрани менување на дресовите на терен, па токму ова е главната причината поради која Меси не го дал својот дрес.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата