x

Ја победи короната: Војникот на Чоло се враќа, кој ли ќе го сопре Атлетико Мадрид!?

suarze-atletiko

Атлетико Мадрид засега делува како фаворит за освојување на титулата во Ла Лига. Тимо на Чоло Симеоне делува непобедливо, засега нема пораз во првенството. Интересно, и без услугите на Луис Суарез, “јорганџиите“ победија во двете дербија, со Барса и Валенсија со по 1:0.

Уругваецот беше во изолација поради тоа што беше позитивен на Ковид-19, но сега тоа е минато, тој се враќа во тимот и ќе биде огромно засилување во нападот на Атлетико Мадрид на наредните мечеви. Веќе утре “јорганџиите“ играат на свој терен против Ваљадолид. Уште поважно, тој ќе биде во комбинација за дуелот во ЛШ наредната недела на гостувањето во Салцбург.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата