Музичарката Маргита Маги Стефановиќ, членка на некогашната група ЕКВ, почина на денешен ден пред точно 18 години. Зад себе како дел од ЕКВ остави осум албуми и стотина концерти. 

Маргита по доаѓањето во групата свирела на Коларчевиот народен универзитет со Белградската филхармонија, се бавела и со дизајн и архитектура. Исто така, се обидела и како актерка во југословенскиот филм „Тајванска канаста“.

Нејзиниот живот заврши трагично. Маги ги продава двата стана, парите ги троши и станува бездомничка. Последните години ги поминува во напушена шупа во предградието Борча, а потоа и на Вождовац во еден дом за бездомници, а понекогаш храна и носат и фановите.  

Во 2002 година сместена е на Инфективната клиника во Белград, каде умира на 18 септември, во 43-та година од животот.