Сингапур e во најтешката рецесија во историјата. 

Експертите велат дека Сингапур е погоден од најтешка рецесија од 1965 година кога земјата стекна независност од Малезија.

Економијата на Сингапур, која во минатото беше наречена „блескава ѕвезда“ на Азија, западна во длабока рецесија во вториот квартал говинава.

До ваквата ситуација дојде по долготрајните мерки за изолација воведени поради пандемијата предизвикана од новиот коронавирус.

Како што објави „BBC“, нивото на БДП на Сингапур се намали за 41,2 отсто во однос на првиот квартал годинава. 

Тоа е најголем пад забележан во историјата на овој град – држава, односно за 12,6 отсто на годишно ниво.