Многу светски медиуми ја објавија неверојатната сторија за Драгиша Косниќ, кој сè уште е регистриран како професионален фудбалер и покрај тоа што се приближува до осмата деценија од својот живот.

Драгиша Косниќ (67), од место во близина на Зрењанин, стана светска сензација, откако новинарите на АФП направија сторија за него, за која известуваа водечките светски медиуми.

Фудбалерот кој моментално игра за Пролетер од Меѓа, кој се натпреварува во шестиот ранг на српскиот фудбал, сепак активно игра и поминува ригорозни медицински тестови секоја година и е запишан во регистарот на професионални фудбалери и е без сомнение најстариот кој активно игра фудбал.

За време на својата кариера, тој играл за Борово, Раднички од Зрењанин, како и Пролетер од Зрењанин.

Драгиша повеќе од 50 години секоја недела  фудбал, иако има 50 години помлади колеги меѓу соиграчите.

Популарниот „Коле“ е роден во 1954 година, а во моментов живее со минимална плата од 130 евра како пензионер, а заработува дополнително од кози и овци што ги чува во своето домаќинство, и кои ги молзе редовно и што му носи здрава исхрана и одредени дополнителни приходи.

Првата лиценца ја добил во 1968 година.

– Колку што знам, нема лиценцирани играчи кои се на моја возраст, им рече Драгиша на новинарите.

Тој посочува дека денес повеќе се потпира на читање на играта, бидејќи не може физички да им парира на помладите противници.

– Повеќе се потпирам на читање на играта, па знам кога треба да започнам да трчам и да спринтам. Но, два дена по натпреварот имам вкочанетост и куцам, но пробувам топли бањи и два дена подоцна сум подготвен да играм повторно.

Во златното доба во својата кариера, Драгиша добил понуда од Хајдук Сплит, но по пристигнувањето на понудата, тој ја скршил ногата на следниот натпревар. Прогнозите биле крај на неговата кариера на 25-годишна возраст, но Драгиша успеал  да стане медицински феномен бидејќи кариерата ја продолжи уште 42 години подоцна и очигледно нема намера да застане на тоа …

Тајната на неговата долговечност, вели тој, е во специфична диета базирана на млеко, мед и јајца и овошје.

Неговиот Пролетер одбележува 100 години постоење во 2020 година, а мотив му е да влезе во повисок ранг и тој е упорен да успее во тоа.