Алина Думова сподели видео на својот ТикТок на кое може да се види начинот на кој нејзиното момче ја запроси.

Но, наместо ентузијазам, таа наиде на многу непријатни коментари.

На видеото се гледа како таа и нејзиното момче седат во ресторан за брза храна, тој го зема вереничкиот прстен и го турка во нејзиниот оброк, а потоа ја затвора кутијата и и го подава.

@belosne6ka

I SAID YES!!!????❤️❤️❤️❤️

♬ Marry Me (feat. Toya Wright) – Rasheeda

Видеото е прегледано повеќе од 12 милиони пати на „ТикТок“, а заврши и во британските медиуми.

„Не, не во ресторан за брза храна“, „Ова е ужасно, би му рекла не“, „Нема полош начин да се запроси девојче“, се само некои од коментарите што Алина ги доби на Инстаграм.

Но, и покрај тоа, таа рече „да“.