Ѓорѓе Давид, кој последнава сезона е дел од жирото на Ѕвездите на Гранд, прв пат во животот отишол на настап на колешката од жирито Јелена Карлеуша. 

Затоа што приватно е таква каква што е, дојдов. Бидејќи сме семејство, би било глупаво да не се појавев кога ме покани. Ова е за мене огнено крштeвaње, прв пат сум на настап на Карлеуша – рекол Ѓорѓе и признал дека за неа имал поинакво мислење, но комплетно го сменил откако станал дел од жирито.

„Јелена е некој кој сериозно мoже да ти влепи шлаканица без никаква сила. Доста ја газев по медиумите, но кога влезе во категоријата на мaјки, престанав. Кога се појавив во жирито таа го посла црвениот тепих и ме најави како најдобар фраер. Тоа за мене беше полошо отколку да ми удри шлаканица, ме засрами“, рекол Ѓорѓе Давид.