Министерот за правда Аднан Јашари дури и се заканил дека ќе поднесе оставка на функцијата, ако ДУИ го поддржи предлогот за новиот државен грб.

Но ДУИ, за Алсат, официјално излезе со овој став за синоќешната средба на раководството на партијата:

„Централно претседателство во проширен состав, со учество на пратениците и министрите дебатираа за иницијативата за промена на грот и се зазеде став дека е потребно да се смени досегашниот грб за да се елиминира комунистичкото минато и влијанието на Советските државни симболи, кое ќе се одрази на нашата западна ориентација во согласност со нашите стратешки евро-атланските интеграции. Истакната е потребата од пошироки општествени консултации со вклучување на експерти”.