x

Јахја: Струга Трим Лум и на гостувањето кај Шкупи ќе атакува на трите бода!

jahja-nova

 

Во последниот меч во оваа полусезона, во оваа година, екипата на Струга Трим Лум ќе му гостува на Шкупи. На второпласираниот тим на табелата. Се очекува вистинска фудбалска битка за бодовите, мечот се игра денеска на стадионот на ФФМ во Скопје, со почеток од 13 часот.

Абдулхади Јахја, младиот офанзивец на стружани, момчето кое во неделата ги донесе трите бода откако со неговиот гол Струга ТЛ го победи Работнички, во пресрет на денешниот меч изјави:

“ Не криеме дека сакаме со победа да ја затвориме полусезоната. Го респектираме Шкупи, но ние сме подготвени за нова борба, не криеме дека ќе атакуваме на трите бода во Скопје. Мора да бидеме максимално внимателни, сконцентрирани во текот на целиот меч. Во целост да ги исполниме задачите на тренерот Срѓан Захариевски. Ако го сториме тоа веруваме дека ќе победиме на овој натпревар“ изјави за СПОРТМЕДИА, Абдулхади Јахја кој дел од својата досегашна кариера ја мина и во Шкупи. Интересно е и тоа што на првиот меч меѓу овие две екипи во ПМФЛ, лани во август кога беше 1:1, токму Јахја го тресеше тимот од Чаир.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата