x

Јахја пред утрешниот дуел со Работнички: Струга ТЛ во Скопје оди по трите бода!

jahja-struga

 

По одличната игра минатата сабота и победата над Силекс, утре екипата на Струга Трим Лум е пред нов предизвик. Имено стружани гостуваат кај Работнички, кој исто така во минатото коло беше одличен и успеа да триумфира кај Ренова. Мечот започнува во 15:30 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

За тоа што може Струга Трим Лум на овој натпревар, коментар за СПОРТМЕДИА  има Абдулади Јахја, офанзивното крило на стружани:

“Искрено тој меч со Силекс, победата и трите бода многу ни беа потребни за подигање на победничката атмосфера. Посебно ако се знае дека ние како тим одигравме добро и заслужено славевме против кратовци. Но, сега тоа е минато, нам цела недела мислите ни се насочени кон утрешниот меч и гостувањето кај Работнички, кај тим кој што заслужува голем респект. И Работнички на последниот меч одигра навистина добро. Од друга страна ние не криеме дека сакаме на овој натпревар да дојдеме до бодовите, во Скопје патуваме по трите бода. Одиме да се надигруваме со домашниот тим, несомнено е дека ќе го дадеме својот максимум, но Струга Трим Лум има потенцијал и квалитет да дојде до позитивен резултат, па и до трите бода. Колку што знам немаме некои посебни проблеми со составот, со играчкиот кадар, единствено на повреда се жалеше Марјан  Алтипармаковски, и не знам дали ќе може да настапи. Останатите сме сите ок, затоа и мојот оптимизам е голем“ ни изјави младиот Јахја.

Инаку вечерва експедицијата на Струга Трим Лум ќе престојува во карантин во еден од скопските хотели, каде што во една мирна и релаксирана атмосфера ќе го дочека утрешниот дуел со Работнички.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата