x

Јаховиќ со гол дебитираше за Анталија (видео)

Анталија впиша победа на гостувањето кај Денизли со 3:0 со што ја прекина серијата на натпревари без триумф. Ова беа драгоцени бодови за тимот од југот на Турција, а меѓу најзаслужните беше новото засилување, македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој го отвори резултатот.

Јаховиќ истрча во контра напад во 27 минута и го совлада противничкиот голман. Македонецот излезе на полувреме. Другите голови беа дело на Мукаиру и Бланко.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата